Утрински Весник
Македонија

Санева: Депонијата во Штип гори, а локалната власт молчи

Штип се гуши во чад. Додека во Штип од новата локална власт видовме само распродажба на општинскиот имот, задолжување за 100 милиони денари, чести проблеми со водоснабдувањето и несервисирање на услугите кон граѓаните, депонијата секојдневно гори, а властите молчат, вели Марина Санева, портпарол на ОО СДСМ Штип.

dobivaj vesti na viber

„Депонијата во Штип со која управува ЈП Исар е во тотален хаос и со недели е запалена и гори со што загаденоста на воздухот и зголемениот број опасни ПМ честички, претставуваат ризик по здравјето на граѓаните. Депонијата неконтролирано се шири, создавајќи опасност од уште поголемо загадување на околината. Очигледно на Иван Јорданов единствено важни му се продавањето на имотот на ЈП Стипион, кредиот со кој планира да ја задолжни општината, пристапот до средствата од самопридонесот , а најмалку важно му е здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина“, посочува Санева.

За жал, како што вели, тоа е новата реалност и новата иднина за Штип и во наредите три години.

„Депонијата во Штип е само олицетворение на работењето на локалната власт. Многу мини депонии секојдневно никнуваат и во центарот на градот и во повеќе урбани населби, нешто што не доликува на град кој важи за центар на Истокот“, реагира Санева.

Можете да прочитате

ЦУК објави мапа – делови од државата се под висок ризик од пожари

Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден