Утрински Весник
Свет

Њујорк го засили надзорот поради серијата напади од ајкула

Гувернерот на Њујорк им нареди на државните агенции да го засилат надзорот на плажите на Лонг Ајленд по петте напади на ајкули во изминатите две недели, јавуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Ненадејната серија напади од ајкули почна на 30 јуни на плажата Џонс, но, за среќа, ниту еден од нив не беше фатален, според „Ројтерс“.

„Ќе преземеме чекори за да ги зголемиме патролите и да ги заштитиме посетителите на плажа од потенцијално опасни ситуации“, изјавила гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.

Таа побарала исплата на прекувремена работа и зголемување на бројот на спасувачите на плажите за 25 отсто, распоредување патролни чамци, дронови и хеликоптери, како и дистрибуција на материјали за предупредување на луѓето на плажите за опасноста од ајкули.

Првиот напад на ајкула е снимен на 30 јуни во близина на плажата Џонс, кога пливач бил каснат за ногата, а потоа на 3 јули бил нападнат спасител за време на тренинг.

Четири дена подоцна бил нападнат уште еден спасувач, кој се здобил со полесни повреди на глуждот.

Последните два напади се случија во средата, кога ајкули нападнаа сурфер и пливач, пишуваат агенциите.

Можете да прочитате

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица