Утрински Весник
Македонија

На Табановце и Богородица се чека околу еден час

На ГП Богородица за излез се чека околу 1 час, а на ГП Табановце за влез се чека околу 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари