Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Топган: Маверик“ руши рекорди на киноблагајните

Продолжението на блокбастерот од 1986 година со Том Круз во главната улога, „Топган: Маверик“, достигна нова пресвртница со заработка од над 1.2 милијарда долари во светски рамки.

dobivaj vesti na viber

Оваа сума го зацврсти како филм со досега најголема заработка на „Пармаунт пикчрс“ на глобално ниво, како што објави „Дедлајн“.

Филмот, во режија на Џозеф Косински, донесе 602,5 милиони долари на 65 офшор пазари.

И во Северна Америка заработи 606 милиони долари, што е вкупно 1.2 милијарда долари на глобално ниво до петокот.

Ова е 12. филм кој некогаш ја преминал границата од 600 милиони долари на домашниот боксофис.

На меѓународно ниво, Top Gun: Maverick го држи третото место за најголеми наслови на продукциската компанија досега.

Можете да прочитате

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија