Утрински Весник
Македонија

(Видео) бОсмани и Генчовска го потпишаа билатералнот протокол

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол кој беше еден од клучните документи за отворањето на преговорите со Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Потпишувањето на фамозниот протокол следуваше после тридневната дебата во македонското Собрание и гласањето на заклучоците по информацијата од Владата за францускиот предлог во кој беше и овој документ.

Овој документ Османи и Генчовска го криеја две недели колку што траеја и протестите во Скопје и останатите градови против прифаќањето на францускиот предлог и билатералниот протокол со кој на Бугарија и се дава можност на годишно ниво да не блокира во процесот на преговорите ако не и бидат исполнети некои од барањата, како што се уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот, ревизија на учебниците и говорото на омраза.

Можете да прочитате

Денес и утре посебен сообраќаен режим на повеќе улици низ Охрид, внимавајте каде паркирате

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје

ЦУК објави мапа – делови од државата се под висок ризик од пожари