Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец кој произведувал и продавал дрога

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против М.А.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

dobivaj vesti na viber

Во текот на април, мај и јуни 2022 пријавениот набавил кокаин и марихуана и ги продавал на зависници во Скопје.

При претрес во неговиот дом, полициски службеници пронашле и одзеле 27 паковки со марихуана и 10 паковки со кокаин, по што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор.

Можете да прочитате

Мајка од Скопје со месеци ја малтреирала сопствената ќерка

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

67 годишна жена тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП