Утрински Весник
Политички Партии

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Обединети за Македонија е изненадена од однесувањето на пратениците во македонското Собрание.

dobivaj vesti na viber

Пцовките и навредите со недолични зборови и етикети поврзани со најголемите зла во Европа, светот и човештвото (нацизмот и комунизмот) се недолични и оставаат лош впечаток за нас како една држава која е позиционирана во срцето на Европа, се вели во соопштението од ОМ.

Недозволиво е недолично однесување кон гости од Европската Унија, како Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Наместо навреди, очекуваме ставови поткрепени со факти. Ваквото однесување може само да наштети на Македонија.

Наместо навреди, апелираме на конструктивост и култура. Не заборавајте дека вашата плата ја добивате од народот, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт