Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ експресно го демантираше предавникот Ковачевски дека македонскиот јазикот е загарантиран

Како кула од карти им се сруши лага на предавниците од власта за заштита на идентитетот и македонскиот јазик. Ни 24 часа не траеја аплаузите на предавниците од СДСМ и нивната коалиција во Собранието за некаква си заштита на македонскиот јазик. ЕУ експресно ги демантираше лагите на предавниците Ковачевски, Османи и Маричиќ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека вчера од портпаролката на Европската комисија јасно и недвосмислено слушна македонската јавност, дека македонскиот јазик не е заштитен и загарантиран.

Откако таа беше запрашана во врска со македонскиот јазик, портпаролката на ЕУ истакна дека во Македонија се зборува „јазикот користен од луѓето во Македонија“.

Никаде не беше користено македонски јазик, туку јазикот кои го користат граѓаните на Македонија.

За сите предавства кои ги прават Ковачевски и власта ќе има одговорност и ќе одговараат за велепредавство, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт