Утрински Весник
Свет

Во Велика Британија е прогласена вонредна состојба поради високите температури

Британската национална метеоролошка служба денеска прогласи вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини во делови од Англија в понеделник и вторник следната недела кога температурите би можеле да бидат рекордни.

dobivaj vesti na viber

„Екстремни, веројатно рекордни температури, најверојатно, ќе има в понеделник, а потоа повторно во вторник“, објави службата на својата веб-страница, според „Ројтерс“.

Претходно оваа недела, Националната метеоролошка служба на ОК и Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) издадоа предупредување за топлина на ниво 3 за југоисточна Англија, Лондон и источна Англија, а предупредување од ниво 1 е во сила за северна Англија.

Можете да прочитате

Италија ги намалува даноците на горивата

Проектил погодил брод во близина на Катар

Путин праќа морнарица да ги придружува руските танкери за нафта во Средоземното море