Утрински Весник
Магазин

Рејчел Вајс смета дека жена не треба да го замени Даниел Крег како Џејмс Бонд

Ѕвездата на „Џејмс Бонд“, Даниел Крег, најави дека „Не е време за умирање“ (No Time To Die) е последен пат тој да го портретира тајниот агент 007.

dobivaj vesti na viber

Додека се водат многу дебати за тоа кој треба да ја преземе улогата , неговата сопруга даде свое мислење за идејата тоа да биде жена.

Рејчел Вајс ја глуми Иви во „Враќањето на мумијата“ и иако е акциона хероина во филмот, таа во интервју за „Дејли експрес“ беше децидна дека жена не би требало да го глуми култниот филмски херој.

Таа објасни дека оригиналниот лик Џејмс Бонд на авторот Јан Флеминг е напишан како маж, и во никој случај не би требало да биде жена.

„Флеминг посветил многу време на пишувањето на овој конкретен лик, кој е машки, и кој има посебен однос кон жените“.

„Зошто да не создадете своја сопствена приказна наместо да скокате на рамениците и да бидете споредувани со сите други машки претходници?“

52-годишната актерка додаде: „Жените се навистина фасцинантни и интересни и треба да добијат свои приказни“.

Можете да прочитате

Одржани две TSD натпреварувања – Авто-слалом натпреварувања Кичево 3 и 4

Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Скопје – концерт што ќе ја врати магијата на 2000-тите!

Објавени првите пет минути од новата сезона на Stranger Things