Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шкријељ: Преговори со ЕУ како Македонци не е асимилација, асимилација е да им ја одземете иднината на граѓаните

Вие сте кукавици, ксенофоби и криминалци, можете да викате и да се заканувате колку сакате, ние ќе продолжиме по европскиот пат кон ЕУ при тоа, зачувувајќи го македонски јазик и сите особености на македонскиот етнички идентитет, им се обрати пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

„Преговори за влез во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација, асимилација е да им ја одземете иднината на илјадници млади да бидат принудени да вадат пасоши од други држави на ЕУ за да можат да ги користат придобивките од Унијата.“ порача Шкријељ.

Пратеничката истакна дека претседателката на Европската комисија од говорницата во Собранието ги разобличи сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лично претседателката на Европската комисија од оваа говорница потврди дека имаме почеток на преговори веднаш, чист македонски јазик и билатерални прашања надвор од преговорите“ порача Шкријељ.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври