Утрински Весник
Свет

Орбан: Мислев дека си пукавме во стапало, но сега е јасно дека европската економија си пукаше во гради

„Иако на Украина и е потребна помош, европските лидери треба да ја преиспитаат својата стратегија бидејќи санкциите и нанесоа голема штета на европската економија, притоа не ја ослабнаа Русија ниту пак повеќемесечната војна не ја доближуваат до решение. Европската унија си пукаше во гради со непромислени економски санкции против Русија поради нападот врз Украина, кои, доколку не се повлечат, ризикуваат да ја уништат европската економиј“.

dobivaj vesti na viber

Ова го изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за унгарското државно радио, пренесува „Танјуг“.

Тој додаде дека иако на почетокот сметал дека ќе помине поблаго, сега веќе се гледа дека штетите ќе бидат големи.

„Отпрвин мислев дека само си пукавме во стапалото, но сега е јасно дека европската економија си пукаше во гради и дека и недостига воздух“ – рече Орбан.

Додаде дека „никој не помисли на 24 февруари дека војната меѓу Украина и Русија нема да биде само конфликт, туку дека во европската историја ќе го означи крајот на старата ера и почетокот на новата ера на војна“.

Можете да прочитате

Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година

Следните разговори меѓу Русите и Украинците се закажани за во среда

Зеленски најави дека француски компании ќе почнат со производство на дронови во Украина