Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Ковачевски ќе лежи во затвор за тоа што и го прави на Македонија и на народот

Предавникот Ковачевски спротивно на волјата на народот го турка предлогот за бугаризација. Во тоа свое предавство сака да ги вовлече и пратениците од СДСМ кои во Собрание треба да ја гласаат информацијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека предавникот Ковачевски игнорира народ кој секојдневно излегува на улица и кажува НЕ за ултиматум, НЕ за бугаризација. Предавникот Ковачевски е подготвен да го жртвува јазикот, историјата и идентитетот.

Власта свесно ја понижува државата, и жртвата на народот во Втората светска војна и Илинденците, кога сме биле на вистинската страна на историјата. Ковачевски сака да ја ретушира историјата.

За ваквиот однос на предавникот Ковачевски кон државата и народот ќе има одговорност. Ковачевски треба да знае дека ќе одговара за сите злодела кои ги направил. Одговорност ќе има, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Кога започнува Богородичниот пост? Најкраток е, а ова се правилата

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура