Утрински Весник
Свет

Макрон: Сакаме да ја запреме војната во Украина без да се мешаме во неа

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сите мора да бидеме подготвени дека војната во Украина ќе трае уште долго.

dobivaj vesti na viber

Франција сака да ја запре војната во Украина без мешање во неа и не сака нова светска војна, изјави денеска Макрон.

„Мораме да сме подготвени на фактот дека војната во Украина ќе трае уште долго. Летото и почетокот на есента ќе се тешки. Сакаме да ја запреме војната, без да се вклучиме во неа. Не сакаме нова светска војна“ изјави Макрон во интервју за телевизиските канали ТФ1 и Франс 2.

Според неговите зборови, Париз треба да продолжи да и помага на Украина и да врши притисок врз Русија со нови санкции.

Макрон предупреди дека Франција мора да е подготвена за најтешкото сценарио кое подразбира Русија потполно да ја прекине испораката на гас.

„Можеби ќе мораме без рускиот гас. Ова е многу тешко сценарио, но мора да бидеме подготвени за тоа“ – рече тој.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра