Утрински Весник
Магазин

Кевин Спејси се изјасни за невин за сексуален напад

Американскиот актер Кевин Спејси се изјасни за невин по четирите точки на обвинението за сексуален напад врз тројца мажи, во неговото прво појавување во лондонскиот кривичен суд Олд Бејли (централниот кривичен суд на Англија и Велс).

dobivaj vesti na viber

62-годишникот, исто така, се изјасни за невин по обвинението за наведување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност без согласност.

Спејси, облечен во светлосин костум, одговори „не сум виновен“ кога му беа прочитани секое од обвиненијата.

Судењето треба да започне на 6 јуни следната година. Следното рочиште ќе се одржи претходно истата година. Судијата му одобри на Спејси безусловна кауција.

Обвиненијата следуваат по прегледот на доказите собрани од Метрополитен полицијата.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 19 март 2026

Одењето може да ги открие емоциите на луѓето

Вресокот како терапија за ослободување од стрес