Утрински Весник
Свет

Путин отвора ТВ станица во Србија која беше забранета од цела ЕУ

Dik 300x250 mk

Руската државна телевизија Раша Тудеј ќе отвори свое претставништво во Србија.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за ТВ станица забранета од ЕУ поради поттикнување и поддршка на руска агресија против Украина.

Љубинка Милинчиќ, главен и одговорен уредник на Спутник Србија, за Нова.рс потврди дека се подготвува отворањето на тој канал.

– Да тоа е точно. Сега нема да почне да работи во Србија, туку се подготвува – вели таа.

Според информациите на Нова.рс, на чело на таа телевизија ќе биде ќерката на Милинчиќ, но таа ниту ја потврди ниту ја демантираше оваа информација.

Советот на ЕУ уште во март одлучи да ја прекине дистрибуцијата на руските државни медиуми Раша Тудеј и Спутник низ ЕУ. Како што пренесуваат медиумите, санкциите ги опфаќаат сите средства за пренос и дистрибуција, како кабелска, сателитска, ИПТВ, платформи, веб-страници и апликации, а сите релевантни лиценци, овластувања и договори за дистрибуција се суспендирани, соопшти Советот на ЕУ, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина