Утрински Весник
Свет

Во Николаев одекнуваат експлозии, Русите се обиделе да го бомбардираат Змискиот остров

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во јужниот украински град Николаев утринава се слушнале експлозии.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Олександар Сиенкевич изјави дека во градот се слушнале експлозии нешто пред шест часот наутро и ги повика жителите да останат во засолништа.

– Русите повторно гаѓаат бројни цивилни објекти во Николаев. Спасувачите и екипите за вонредни ситуации веќе работат на терен – рече Сиенкевич.

Предупредувањето за воздушен напад првпат беше издадено во 4.25 часот, пред силни експлозии да го потресат градот околу половина час подоцна.

Според воени претставници, Русија наводно се обидела повторно да го бомбардира Змискиот остров во текот на ноќта.

Се вели дека два руски борбени авиони се обиделе да го нападнат стратешкиот остров на Црното Море, но не успеале бидејќи бомбите паднале во морето,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Планот на Европа за одбрана на Гренланд – постојат четири опции

Минесота се повлече од истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена, бидејќи нема пристап до докази

Донорска кожа од починати лица пристигна во Швајцарија за настраданите во пожарот во Кран-Монтана