Утрински Весник
Свет

Риши Сунак убедливо води во првиот круг од гласањето за наследник на Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се повлекува од функцијата со крената глава, иако во говорот пред пратениците призна дека заминува порано отколку што сакал. Во првиот круг од гласањето за негов наследник, како што објавија денеска агенциите, најмногу гласови освоил поранешниот министер за финансии Риши Сунак.

dobivaj vesti na viber

Во првиот круг меѓу осумте кандидати за наследник на Борис Џонсон на чело на конзервативната партија и на функцијата премиер, при што Сунак доби најмногу гласови, 88.

Следеа министерката за трговија Пени Мордоунт со 67 и министерот за надворешни работи Трс Лис Трус со 50. министерот за финансии Надим Захави и поранешниот шеф на канцеларијата Џереми Хант беа елиминирани во првиот круг.

Риши Сунак, Лиз Трас, Том Тугендат, Кеми Баденох, Пени Мордоунт, Џереми Хант, Надим Захави и Суела Браверман ги обезбедија 20-те потписи на колеги пратеници потребни за учество во натпреварот.

Со денешниот круг бројот на кандидати е намален на шест, а следните кругови ќе се организираат додека не се искристализираат двајца финалисти. Резултатот се очекува на 5 септември.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот