Утрински Весник
Спорт

Газдите на ПСЖ заинтересирани за купување на Еспањол

КСИ (Qatar Sports Investments), компанијата која го поседува Пари Сен-Жермен сака да го следи примерот на својот ривал, Манчестер сити (во сопственост на газди од Обединетите Арапски Емирати) со купување на сателитски клубови во Европа.

dobivaj vesti na viber

По шпекулациите дека португалската Брага ќе стане првиот член на семејството на катарскиот фудбалски гигант, сега според „Радио Марка“, КСИ се заинтересирани да го купат Еспањол од групацијата „Растар“.

Еспањол е четирикратен шампион од Копа дел Реј, а двапати биле финалисти на Купот на УЕФА, но никогаш неја освоиле шпанската титула. И покрај тоа што доаѓаат од Барселона, клубот има многу верни навивачи, според последните информации тие се 9-тиот најпопуларен шпански клуб.

Можете да прочитате

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата

Рустемовски избори четвртфинале на ЕП во бокс

Струга реди домашни победи без примен гол