Утрински Весник
Спорт

Фенер му го раскинаа договорот на Озил, тој веднаш потпиша за Башакшехир

Месут Озил е нов фудбалер на Истанбул Башакшехир откако Фенербахче потврдија дека го прекратуваат неговиот договор две години прерано по конфликтот со управата на клубот.

dobivaj vesti na viber

33-годишниот поранешен германски репрезентивец се приклучи на Фенербахче како слободен фудбалер во јануари 2021 година откако Арсенал слично му го раскинаа договорот поради конфликт со менаџерот Микел Артета. Тој беше исклучен од тимот во март по конфликтот со тогаш преодниот тренер Исмаил Картал. Дури и промената на тренерската позиција и пристигнувањето на Жорге Жесус не беше доволна причина за да се реши проблемот.

Озил имаше вкупно 37 настапи во сезона и пол за Фенербахче, со девет постигнати гола.

„Договорот помеѓу нашиот клуб и Месут Озил се раскинува со вземна согласност. Му посакуваме на Месут Озил успех во преостанатата кариера“, се вели во соопштението на Фенер.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина