Утрински Весник
Свет

Обилни дождови во Пакистан: Поплавени улици, автомобили блокирани од вода

Монсунските дождови во Пакистан го отежнуваат нормалниот живот на жителите во многу поплавени градови, вклучувајќи го и градот Равалпинди во провинцијата Пенџаб, јавува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Во овој град улиците се поплавени, автомобилите се блокирани од вода, а дел од жителите се обидуваат да се движат со автомобили, мотори и пеш.

Според пакистанското Министерство за животна средина и климатски промени, во оваа сезона на монсуните паднале 87 отсто повеќе дожд отколку минатата година.

Најтешко беа погодени југозападната провинција Балучистан и северниот регион Гилгит-Балтистан, каде минатата недела дождовите и поројните поплави уништија мостови и куќи, предизвикаа лизгање на земјиштето и ги отсекоа градовите и селата од остатокот од земјата.

Од 11 јуни до 11 јули, 147 лица, меѓу кои 88 жени и деца, загинаа во несреќи предизвикани од обилните врнежи во Пакистан.

Метеоролозите најавуваат продолжување на врнежите до 19 јули,пренесе Дневен аваз.

Можете да прочитате

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран