Утрински Весник
Македонија

(Видео) Активиран подводен дрон во потрагата по Мартин

Грчките спасувачки служби активираа подводен дрон во спасувачката акција за пронаоѓање на Мартин Јовановски – третиот Македонец исчезнат во невремето во саботата на Халкидики.

dobivaj vesti na viber

На снимката која ја објавија грчките медиуми се гледа како дронот ги пребарува водите во Егејското море.

Претходно денес братот на Јовановски на социјалните мрежи упати апел за помош, објавувајќи мапа од локацијата каде беше пронајден неговиот пријател Иван, кој беше спасен.

Потрагата по Мартин ќе продолжи и утре, договорија македонското и грчкото МНР.

Можете да прочитате

СДСМ: Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут”

Левица: Во израелската агресија врз Либан гинат мировници на ОН – молкот на македонската Влада е соучесништво

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени