Утрински Весник
Спорт

Климатски протести накратко ја прекинаа 10. етапа на Тур де Франс

Магнус Корт (ЕФ Едукасион-Изипост) е победник на 10. етапа на Тур де Франс по првиот од трите дена во Француските Алпи, во етапа која беше одбележана со прекин од 15-тина минути откако протестанти не дозволија велосипедистите да продолжат на 35 километри пред крајот на етапата.

dobivaj vesti na viber

На 36 километри пред крајот на етапата од 148.1 километри од Морзин до Межев, се случи прекинот на трката. Протестантите седнаа на патот и го блокираа, по што запалија факли, а лидерот на етапата Алберто Бетиол се обиде да помине, но на крајот мораше да сопре. Организаторите ја „неутрализираа“, етапата, и по 15-минутна пауза откако ги расчистија протестантите, таа продолжи со идентична разлика за сите велосипедисти.

По продолжувањето на етапата, Бетиол се обиде да „избега“, пред да биде пристигнат од големата група, во која Корт успеа да го победи Ник Шулц и Луис Леон Санчез. Словенецот Тадеј Погачар успеа да ја заддржи лидерската жолта маичка со 11 секунди предност пред Германецот Ленрд Кемна и 39 секунди пред Данецот Јонас Вингегард.

Можете да прочитате

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите

Медведев го освои турнирот во Бризбејн

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг