Утрински Весник
Свет

(Видео) Демонстранти блокираа мост во Будимпешта поради најавеното зголемување на даноците

Демонстранти блокираа мост во централна Будимпешта додека парламентот расправаше за владиниот предлог на премиерот Виктор Орбан за зголемување на даноците на стотици илјади мали бизниси, пренесуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите се собрале на плоштадот пред парламентот, а потоа се упатиле кон блискиот мост на Дунав, блокирајќи го сообраќајот во двата правци на мостот што ги поврзува Будим и Пешта.

Орбан се соочува со најголемите предизвици откако ја презеде власта во 2010 година – највисока инфлација во последните 20 години, рекордно низок курс на форинтата и замрзнати средства од европските фондови поради спорот за демократските стандарди, анализираат медиумите. Во понеделникот, неговата влада испратила до парламентот измени на законот со кои драстично се заострува даночниот режим што малите бизниси го користеа за едноставна администрација и ниски даночни стапки.

Но, владата, како што пишува во написите вели дека некои компании го злоупотребиле и ги принудиле работниците да влезат во шемата за да ги намалат трошоците, што доведува до форма на прикриена работа. Откако ќе бидат усвоени од парламентот, новите правила треба да стапат на сила во септември.

Можете да прочитате

Тројно убиство: Словак се предаде во Линц, едно тело пронајдено во фрижидер

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум