Утрински Весник
Свет

Путин и Ердоган следната недела во Техеран

Рускиот претседател Владимир Путин ќе го посети Иран следната недела, еден ден откако САД предупредија дека Техеран може да и обезбеди на Москва дронови за воени активности во Украина.

dobivaj vesti na viber

За време на неговата посета на Техеран следниот вторник, Путин ќе присуствува на трилатерален состанок со лидерите на Иран и Турција, каде што се очекува да разговараат за Сирија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Посетата на Путин на Иран ќе следи по посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Израел и Саудиска Арабија оваа недела, каде нуклеарната програма на Иран и злонамерните активности во регионот ќе бидат клучна тема на разговор, објави „Асошиејтед прес“.

Песков за новинарите изјави дека Путин ќе има одвоена средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата посета на Техеран.

Во март, Ердоган помогна во разговорите меѓу руските и украинските претставници во Истанбул, Турција. Песков рече дека немало разговори за нова рунда такви преговори.

Можете да прочитате

Израел ги проширува операциите во централна Газа

Авион со 235 патници се запали додека леташе над Тихиот океан

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за мир во Украина, но сака да ги постигне своите цели