Утрински Весник
Свет

Санадер наместо во затвор, летото го минува на бања

Некогашниот хрватски премиер, Иво Санадер кој е правосилно осуден за корупција и ова лето не е во затвор, туку е на рехабилитација во Крапинске Топлице.

dobivaj vesti na viber

Локалните медиуми пишуваат дека Санадер по извршените прегледи во тамошна приватна Клиника за кардиоваскуларни болести вчера е испратен на двонеделна терапија.

Овојпат, се наведува дека во болницата бил испратен поради операција на коленото.

Се напоменува дека Санадер е сместен во посебен болнички апартман чија цена (основниот пакет) е околу 800 денари (100 куни) на ден

Терапијата на Санадер ќе е до 25 јули, но со можност да биде продолжена.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“