Утрински Весник
Македонија

Воз удрил во автомобил кај Романовце

Вчера околу 12.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на железнички премин во с.Романовце, на место викано „Превој“, се случила железничка несреќа помеѓу локомотива и патничко возило „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, управувано од М.А.(44) од Куманово.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, а со повреди се здобил и сопатникот Р.А. од истото возило, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври