Утрински Весник
Македонија

Османи: Чешка е подготвена за брз старт на преговорите по одобрување на европскиот предлог

Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, на кој беше изразена поддршката за напредокот на државата во процесот на интеграција. Османи го увери соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Соговорниците, како што информираат од неговиот кабинет, размениле мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст.

Во таа насока, министерот Липавски ја потенцирал подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина конференција, откако Северна Македонија ќе го одобри европскиот предлог.

Двајцата соговорници ги повториле клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги предвид и нашите интереси во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик; изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и отпочнувањето на пристапните преговори веднаш.

Можете да прочитате

Уапсен кавадарчанец, возел пијан и престигнал колона возила кои чекале на црвено светло на семафор

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани