Утрински Весник
Свет

Зеленски разговарал со Ердоган за важноста од деблокирање на украинските пристаништа и извозот на жито

Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот профил на Твитер објави телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

Зеленски изјави дека му се заблагодарил на Ердоган кој упатил сочувство во врска со новите цивилни жртви на руската агресија.

– Ја цениме поддршката на Турција. Разговаравме за важноста од деблокирање на украинските пристаништа и за продолжување на извозот на жито. Мора да ја спречиме и Русија да ни го земе житото – напиша Зеленски.

Ердоган, истакнувајќи дека посакува што поскоро да се воспостави мир во Украина, рече дека продолжуваат да работат на планот подготвен од Обединетите нации за испорака на украински житарки на светскиот пазар.

Инаку, турскиот претседател претходно денеска имаше телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил