Утрински Весник
Свет

Пленковиќ: Геноцидот во Сребреница е пораз на човештвото

Dik 300x250 mk

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Твитер објави дека геноцидот во Сребреница е „пораз на човештвото“ и изрази почит кон жртвите и сочувство до нивните семејства.

dobivaj vesti na viber

„Поминаа 27 години од геноцидот во Сребреница, кој претставува пораз на човештвото. Со почит се сеќаваме на повеќе од 8.000 бошњачки мажи, момчиња и цивили убиени во Сребреница. Длабоко сочувствуваме со нивните семејства и најблиските“, напиша Пленковиќ на Твитер.

Се проценува дека повеќе од осум илјади бошњачки мажи и момчиња биле убиени во текот на десетте дена од јули, а потрагата по останките на околу илјада од нив сè уште трае, пишуваат медиумите во регионот.

Истите анализираат дека поранешните политички и воени лидери на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ беа осудени на доживотен затвор заради одговорност за геноцидот во Сребреница.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина