Утрински Весник
Свет

Блинкен и Кишида се сретнаа во Токио: САД и Јапонија се повеќе од сојузници, тие се пријатели

Dik 300x250 mk

Јапонскиот премиер Фумио Кишида се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој изрази сочувство во врска со убиството на Шинзо Абе.

dobivaj vesti na viber

Блинкен, кој беше во Индонезија на самитот на министрите за надворешни работи на Групата 20 (Г20) кога беше убиен Абе, на Кишида му предаде писмо од претседателот Џозеф Бајден до семејството на Абе, објави АП.

„Сакаме само да знаат дека ја чувствуваме загубата длабоко и на лично ниво“, му кажал Блинкен на Кишида.

Како што изјавил Блинкен, тој е таму, бидејќи САД и Јапонија се повеќе од сојузници, тие се пријатели.

Тој кажал дека Абе „направил повеќе од кој било за да ги подигне односите меѓу САД и Јапонија на ново ниво“.

Блинкен беше највисокиот американски функционер што ја посети Јапонија по смртта на Абе, според американската агенција.

Погребот на јапонскиот политички лидер со најдолг стаж се очекува во наредните денови, пишуваат агенциите.

Можете да прочитате

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз

Индонезиската полиција откри сомнителен прав при истрагата на експлозиите во џамија во Џакарта

Комбе со австриски и шпански новинари нападнато со дрон во источна Украина