Утрински Весник
Свет

Убиецот на Шинзо Абе правел бомба

Тецуа Јамагами, овекот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе и’ кажал на полицијата дека се обидел да направи бомба, објавија јапонски медиуми повикувајќи се на истражни извори.

dobivaj vesti na viber

Полицијата го пребарала неговиот дом во западниот град Нара, конфискувајќи пиштоли слични на оној пронајден на местото на убиството на Абе.

Што се однесува до мотивот зад нападот врз поранешниот премиер, Јамагами рече дека неговата мајка направила „огромна донација“ за религиозна организација за која верува дека е поврзана со Абе и дека бил бесен затоа што верувал дека Абе ја промовира организацијата.

Извор од јапонската агенција тврди дека Јамагами рекол дека „првично имал намера да нападне водач на религиозна група, но наместо тоа одлучил да го застрела Абе“.

Јамагами, моментално невработен, работел во фабрика во регионот Кансаи од есента 2020 година, но дал отказ во мај оваа година.

Претходно бил член на јапонската морнарица околу три години, до август 2005 година.

Можете да прочитате

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија