Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца криумчари, превезувале 87 лица мигранти

Денес на автопатот кај клучка „Миравци“ полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишија од слобода М.Ј.(43) од Скопје и А.А.(26) од с.Арачиново, скопско.

dobivaj vesti na viber

Имено, околу 00.10 часот при контрола во товарно моторно возило „ивеко“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., во кое и сопатник бил А.А., пронајдени се 87 лица мигранти. Од нив 45 од Сирија, 39 од Пакистан, двајца од Конго и едно од Индија, велат од МВР.

М.Ј. и А.А. се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, а по завршување на постапката лицата мигранти ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија