Утрински Весник
Свет

Украинските војници тренираат во Велика Британија

Украинските војници кои пристигнаа во Велика Британија на воена обука се сретнаа со секретарот за одбрана Бен Валас. Обуката ќе трае неколку недели, јавуваат британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Оваа амбициозна нова програма за обука е следната фаза во поддршката на Обединетото Кралство за вооружените сили на Украина во борбата против руската агресија. Користејќи ја врвната експертиза на војската на ОК, ќе и помогнеме на Украина да ги зајакне своите сили и отпор додека го брани својот суверенитет и право да ја избере својата иднина“, рече Валас.

Обуката ќе им помогне на украинските доброволци, кои имаат мало или никакво воено искуство, да станат ефективни на линијата на фронтот, тврди Британија. Обуката на Украинците се заснова на основната обука на британските војници и опфаќа тактики за ракување со оружје, прва помош и патролирање.

Британската влада за оваа намена набави илјадници пушки калашников, што значи дека Украинците ќе тренираат со оружјето што ќе го користат на бојното поле.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина