Утрински Весник
Свет

Словенија донесе одлука: Истополовите партнери можат да посвојуваат деца

Уставниот суд на Словенија ги оцени за неуставни законските одредби според кои само лица од различен пол можат да имаат деца.

dobivaj vesti na viber

Според објавената пресуда на Уставниот суд, законодавецот доби рок од шест месеци да ја отстрани таа неуставност, односно да ги измени законските одредби поврзани со оваа тема.

Според оваа одлука, брачна заедница се смета за животна заедница на две лица без разлика на полот, а истополовите партнери кои живеат во партнерство можат да посвојуваат деца под исти услови како и брачните парови од различен пол.

Со одлуката, на истополовите партнери ќе им биде дозволено да бидат вклучени во листата на кандидати за посвојување, а изборот на најпогодни кандидати ќе продолжат да прават надлежните центри за социјална работа.

Можете да прочитате

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург

Иран тврди дека нема напредок, Трамп вели дека преговорите одат „многу добро“

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран