Утрински Весник
Македонија

Незири од АА: Кој го спаси Мијалков, Артан Груби или Ахмети со рускиот амбасадор?

„Денеска бевме сведоци и на еден срамен договор меѓу правосудниот систем и еден од криминалците на двата последователни режими, Сашо Мијалков.

dobivaj vesti na viber

Додека стотина Албанци добија драконски казни за фрлање јајца на протести, доживотен затвор во монтирани процеси, Сашо Мијалков, кој изгради Империја на криминал и корупција, се спаси со само 3 години затвор. За да биде иронијата поголема, тој е казнет и со 36 милиони евра, додека истото лице е обвинето за злоупотреба на стотици милиони евра“. Ова меѓудругото се вели во соопштението од пратеникот на Алијанса за Албанците – Аднан Незири.

„Јавно прашуваме дали Артан Груби се разбирал со Сашо Мијалков, или Али Ахмети на тајни средби со амбасадорите на Русија и Србија. Како и да е епилогот веќе е јасен, Сашо Мијалков е на слобода, а Албанците во затвор“ стои во соопштението на Незири.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни