Утрински Весник
Свет

Британец со недели бил во болница поради мајмунски сипаници

 

dobivaj vesti na viber

Турчин кој живее во Велика Британија со недели престојувал во болница поради мајмунски сипаници, иако отпрвин мислел дека се работи за продолжени појави од Ковид 19.

35-годишниот Харун Тулунеј раскажува за британските медиуми дека најпрво добил зголемена телесна температура, а неодамна прележал и коронавирус.

Сепак, во втората недела од јуни откако ковид тестот бил негативен, а температурата се искчила до 40 степени, тој сериозно се загрижил.

За него била потребна итна болничка нега, при што бил изолиран во соба.

Харун, кој живее северно од Лондон, вели дека се покривал со 4 покривки за да се стопли иако во британската престолнина во овој период од годината имаше високи дневни температури.

Иако поголемиот дел од неговите пријатели и роднини се во Турција, каде е и тој роден, морал сам да се справува со висока температура, треска и отечени жлезди под ушите.

Почнал да развива и црвено-бел осип, за кој кој сметал дека е поради високата температура. Сепак се појавиле и црвенила на лицето.

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници

Песков: Не е планирана заедничка декларација по средбата Путин-Трамп

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз