Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Овде нема партии, нема поделеност само народ кој се бори за своите правдини

Благодарност до македонскиот народ кој на секаде на македонските патишта излезе да каже гласно „не“. Не на францускиот предлог и не на асимилацијата на македонскиот народ. Овде нема партии, нема поделеност само народ кој се бори за своите правдини. Тука сме сите заедно да кажеме не и не“, истакна Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ кој ја предводи блокадата на патот Велес-Штип кај Сарамзалино.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека ова што сакаат да го направат Бугарите е директно мешање на внатрешното уредување на Македонија поради тоа што сакаат да го измениме Уставот, да ги смениме историјата и учебниците.

„ Ние Македонците да си го кажеме својот глас и затоа благодарност до сите граѓани кои дојдоа мирно да го искажат својот гнев затоа што тоа е демократско право. Од друга страна гледате дека власта на еден нетранспарентен, на еден нехуман начин сакаат да го пренесат предлогот во парламентот кој не одлучува за тоа. Ова е една парада од Владата дека навидум има некакви консултации во Собрание и да покажат на Европа дека тоа има некаква улога. Нека престанат со лаги и манипулации и народот нека го види тој протокол што го кријат. Ниту новинарите го немаат протоколот. Ние сакаме Македонија да биде стабилна земја и развиена земја, но сакаме и никој да не не понижува“, порача Мисајловски.

Орце Костов

Можете да прочитате

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено

Македонија со нови амбасадори во Саудиска Арабија, Данска, Шведска и Албанија