Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Побаравме Џафери материјалот од една страница да го врати во Владата

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДМНЕ, Никола Мицевски, соопшти дека побарале Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, која што вчера беше пратена до Собранието, Талат Џафери да ја врати во Владата бидејќи не содржи ниту еден документ.

dobivaj vesti na viber

Според Мицевски, ова е класична девастација и девалвација на Собранието и ова е класична злоупотреба и симнување на најниско ниво на законодавниот дом.

Вели дека материјалот што е стасан од Владата во Собранието се заснова на информација за предлог преговарачката рамка од еден лист – текст од една страна е целиот материјал што Владата го испрати за одлучување во Собранието врз основа на кое што треба пратениците да се изјаснат за иднината на Република Македонија.

Тој образложи дека никаде во испратениот материјал ги нема документот со заеднички став на ЕУ, предлог преговарачката рамка на ЕУ односно општиот став на ЕУ, предлог-заклучучоците на Советот и билатералниот протокол помеѓу Македонија и Бугарија, за кој што и министерот Османи и министерката Генчовска изјавија дека е усогласен.

Мицевски рече дека криењето на овие документи, само ја зголемува загриженоста дека овој пакет на документи е штетен за Македонија.

Можете да прочитате

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола