Утрински Весник
Спорт

Шкендија со головите на Шала и на Нафиу го победи Арарат

Македонскиот претставник Шкендија го совлада ерменскиот тим Арарат со 2-0 во првиот меч од воведната рунда од Конференциската лига на УЕФА. Со два гола позитива, тимот на Артим Шаќири ќе патува на реваншот во Ерменија и има убави шанси за пласман во следното коло од ова натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Водството за Шкендија го донесе Аденис Шала во 21.минута. Дориев уфрли во шеснаесетникот, а Шала се снајде најдобро и ја погоди мрежата.

Во 45.минута, повторно Дориев беше асистент, а Валмир Нафиу го постигна вториот погодок за Шкендија со прекрасен шут од 20 метри.  Костадин Захов имаше одлични одбрани во првиот дел и не дозволи да се тресе неговата мрежа.

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига