Утрински Весник
Магазин

Почина Џејмс Кан, водечкиот мачомен на Холивуд

Џејмс Кан, актерот што го глумеше Сони Корлеоне во „Кум“ и грубиот спортист во „Ролербол“, но имаше доволно самоувереност да покаже и чувствителна страна за време на својата долга кариера, почина на 82-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Кан почина во средата вечерта во Лос Анџелес, изјави неговиот претставник Арнолд Робинсон за „Хоивуд репортер“ потврдувајќи ја објавата на твитер-профилот на актерот.

Семејството не ја откри причината за смртта.

Кан ќе остане запаметен по неговата експлозивна изведба како Сони во филмот „Кум“ на Френсис Форд Копола (1972). Воодушевувајќи како нестабилен и конфронтирачки најстар син и наследник на криминалната империја на своето семејство, тој заработи номинација за „Оскар“ за најдобра споредна машка улога.

 

Можете да прочитате

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина

Потребни се најмалку шест месеци за значително подобрување на липидниот статус