Утрински Весник
Македонија

Приведено е лицето кое Мицкоски тврди дека сакало да го убие

Полицијата потврди дека е приведен мажот за кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека се обидел да го убие за време на денешниот протест.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од МВР, станува збор за Е.Ј.(40) од Скопје.

„Е.Ј.(40) претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата на Република Северна Македонија кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани“, велат од МВР.

На местото се пронајдени чаури.

 

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“