Утрински Весник
Спорт

Ник Кирјос во полуфиналето на Вимблдон

Австралискиот тенисер Ник Кирјос се избори за полуфинале на Вимблдон откако славеше против Кристиан Гарин со 3-0 во сетови. Тој сега го чека подобриот од мечот меѓу Рафаел Надал и Тејлор Фриц како следен ривал.

dobivaj vesti na viber

Кирјос на почетокот на мечот загуби сервис, но сепак го доби првиот сет со 6-4. Потоа беше полесно, го доби вториот со 6-3.

Гарин силен отпор даде во третиот сет, во кој се играше тај-брејк, откако двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис. Кирјос на крајот славеше со 7-5 на поени и го комплетира мечот.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД