Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Каевски: Мицкоски и Апасиев ги водеа насилните протести и не се обидоа да ја смират толпата

300x250 opst2

„СДСМ најостро го осудува насилството на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица и бараме одговорност. Во насилствата пред Собранието повредени се 47 полицајци, од нив 11 се со потешки повреди. Насилници маскирани со качулки, со камења, шишиња, молотови коктели вчера ја нападнаа македонската полиција, во обид да го повторат упадот во Собранието од 27 април“ изјави денеска на прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека „Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, ги водеа насилните протести и кога почна насилството воопшто не се обидоа да ја смират толпата. Досега нема ниту збор за осуда на насилството, ниту една порака за повредените полицајци. Мицкоски и Апасиев најмалку што можат да направат денеска е да им се ивинат на граѓаните, да им се извинат на семејствата на полицајците и да посетат некој од повредените полицајци“.

„По синоќешните инциденти, мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и од оние кои го поттикнуваа насилството. СДСМ го осудува секој вид на насилство и ги повикува граѓаните да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите и повиците за насилство на антиевропските ВМРО-ДПМНЕ и Левица“ рече Каевски.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?