Утрински Весник
Свет

Сопругата на хрватскиот претседател вршела притисок да му ги поправат оценките на нејзиниот син

Хрватското Министерство за образование и наука отвори инспекциска постапка во училиштето во кое учи синот на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако неговата сопруга, како што тврди „Јутарњи лист“, извршила притисок врз директорот на училиштето да му ги смени веќе заклучените оценки на нејзиниот син, од четворки во петки.

dobivaj vesti na viber

Според весникот, Сања Мусиќ Милановиќ на 24 јуни испратила мејл до директорот на училиштето на нејзиниот син, класниот раководител и училишниот психолог, наведувајќи ги неправилностите во наставата по математика како причина за промената на оценките.

Ова предизвика бран реакции во медиумите поради наводниот притисок на сопругата на претседателот да му ги зголеми оценките на синот, така што просекот на сите негови оценки би бил пет, пренесуваат хрватските медиуми.

Според Хина, Милановиќ денеска изјавил дека не знаел за писмото на неговата сопруга до училиштето и дека тој немало да го напише. Милановиќ исто така ја нападнал и компанијата „Ханза медиа“, сопственик на „Јутарњи лист“, поради објавување напис на оваа тема.

„ Не знаев. И јас не би бранел нешто само затоа што жена ми го направила. Кога се занимаваш со ваква работа, тоа всушност ништо не значи, но, според мене, тука е многу помалку важно од начинот на кој криминалната организација „Ханџар Медиа“ ја подготвила“, рече Милановиќ.

Тој додаде дека со тоа писмо неговата сопруга оставила „бразда длабока три метри“.

„ Да ми го направеше тоа мајка ми кога имав 17,5 години, ќе полудев, изјави Милановиќ. „ Но, мама е мама, сега мама остави пишан белег – рече Милановиќ.

Хрватскиот претседател смета и дека цел на текстот во весникот не е неговата сопруга, туку лично тој.

Можете да прочитате

УНРВА го означи раселувањето на жителите на Рафа како нехумано

Британец добил џекпот од 10,2 милиони фунти и го поделил со своите соседи

Бројот на загинати во Газа надмина 35.000