Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски и министрите за европски прашања на Ирска и Финска разговарале за францускиот предлог

Ss2

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Брн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија.

На средбата биле потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка.

Ss1

„Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области.

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ“, информираа од кабинетот на Пендаровски.

Oд стрaна на министрите било истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата.

Соговорниците размениле мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, била констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока,  поздравена била одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид.

Ss1

Можете да прочитате

ПОСТУДЕН БРАН ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Денес побелеа планините во западна и во северозападна Македонија

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот