Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: В среда ќе се прска против комарци

Градот Скопје информира дека в среда ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот, против ларви од комарци. Прскањето ќе се врши според следниот распоред:

1. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 6.7.2022 година (среда), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 6.7.2022 година (среда), во текот на денот.

„Доколку временските услови не дозволуваат да се прска дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин“, појаснуваат од Град Скопје.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата