Утрински Весник
Свет

(Видео) Напаѓачот во Копенхаген имал психички проблеми

Нема индикации дека вчерашното пукање во трговски центар во Копенхаген е терористички чин, изјави шефот на полицијата Сорен Томассен. Тој додаде дека осомничениот, кој се уште не е идентификуван, има историја на психички проблеми.

dobivaj vesti na viber

22-годишен Данец синоќа застрела три лица и рани неколку други во трговски центар во Копенхаген. Полицијата соопшти дека жртвите се двајца дански државјани на 17 годишна возраст и 47-годишен руски државјанин. Двајца Данци и двајца Швеѓани се во критична состојба и се наоѓаат во болница.

Напаѓачот и се предал на полицијата без да пружи отпор и бил уапсен само неколку минути по пукањето во трговскиот центар Филд.

Можете да прочитате

Гугл наскоро ќе го лансира првиот AI сателит, сака да постави дата центри во вселената

Иран бара преговори за Ормускиот Теснец, Трамп го отфрли мировниот предлог

Поплави во Банкок, прогласена природна катастрофа