Утрински Весник
Свет

Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе

Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Според информациите, уапсен е 22-годишен Данец.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот бил фатен по голема полициска потрага во регионот Сјеланд, објави „Ројтерс“.

„ Ќе спроведеме детална истрага и голем број полицајци ќе бидат присутни во Копенхаген, се додека не можеме со сигурност да кажеме дека напаѓачот дејствувал сам, изјави главниот полициски инспектор Сорен Томасен.

Тој откри дека убиецот убил маж на возраст од четириесет години, како и двајца млади, маж и жена.

Томасен изјави дека се ранети уште неколку лица, а меѓу нив три лица се во критична состојба.

Доцна синоќа се обрати и премиерката на Данска, Мете Фредериксен.

„ Данска беше погодена од брутален напад. Загинаа неколку луѓе, а уште повеќе се ранети. Невини семејства пазареа или дојдоа на ручек. Деца, адолесценти и возрасни. Нашиот убав и традиционално многу безбеден град се смени за дел од секундата. Ги повикувам Данците да застанат заедно и да се поддржуваат во ова тешко време“, рече Фредериксен.

Можете да прочитате

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск