Утрински Весник
Македонија

Каевски: Мицкоски да одговори дали нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија за криминалот?

СДСМ: Мицкоски нема чувство за државност и одговорност

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски на својот Фeјсбук профил прашува дали Христијан Мицкоски нудел поддршка за францускиот предлог во замена за амнестија на криминалот?

„Дали е точна информацијата објавена на некои медиуми дека: Мицкоски нудел поддршка за францускиот предлог а за возврат да добие амнестија за криминалот со партиското седиште, криминалот со хидроцентралите и делчевските ниви? Дали е точно дека договарал тајна средба со приватен авион во Австрија, со висок претставник на ЕПП каде бил подготвен на писмено да ги даде овие гаранции?“, напишал Каевски.

Еве вечер има митинг, вели тој, нека повели на митингот нека ги одговори овие прашања.

Можете да прочитате

Ужас во Штип: Мртво новороденче донесено во болницата

„Реплек“ со прв извоз во ЕУ по 10 години производство на производи од медицински канабис

Казни од 250 евра за родители чии деца вршат насилство